|
Во центарот на градот веднаш до старата Охридска чаршија се наоѓа вилата
Балабанс, која располага со ексклузивни апартмани и ирски паб во
автентичен ирски стил. Во негова близина се старите Охридски дуќани,
пошта, банка, суд, полиција, автобуска станица, туристички агенции и
Охридското езеро. Се на дланка би можело да се каже, а сепак во пријатно
опкружување на булевар од костени и липи, со можност за природно
опуштање и уживање на еден од балконите од кои се протега прекрасен
поглед на градот и езерото, како и пријатно освежување во Ирскиот паб
каде во летните топли денови температурата е таква да овозможува да се
чувствувате многу пријатно, или пак на терасата пред апартманите во
кругот на самиот бар.
По желба на гостите, може да Ви биде организирана посета на културно
историските споменици, крстарење по Охридското езеро, едрење или кајак
на мирни води. |